CEIM


УСЛУГИ: ЈАВНИ НАБАВКИ


ЦЕИМ нуди административна, техничка и правна поддршка во рамките на постапките за доделување договори за јавни набавки на стоки, услуги и изведба на работи, како и при постапките за доделување концесии.

Услугите ги покриваат сите фази на постапката за доделување договор за јавна набавка: подигнување документација, превод, изготвување техничка и финансиска понуда, комплетирање, пакување, достава и застапување при отворање на понуди, како и правна поддршка пред Комисијата за жалби по јавни набавки и Управниот суд.

Покрај тоа, ЦЕИМ е подготвен за основање конзорциуми и ЈПП-а со странски приватни компании и државни установи со цел заеднички настапи во постапки за доделување и имплементација на договори за јавни набавки во голем број области (градежништво, ИКТ, енергетика, земјоделство, инфраструктурни проекти, просторно и уметничко уредување) и на разни нивоа.