CEIM


ЗА ЦЕИМ


Италијанско-македонскиот економски центар (ЦЕИМ) е приватна компанија чија основна цел е промоција на економските односи помеѓу Италија и Македонија преку обезбедување консултантски услуги и оперативна поддршка, заедничко учество со заинтересирани субјекти на проекти и меѓународни тендери, логистичка поддршка и преведувачки услуги.

Седиштето на компанијата се наоѓа во Скопје. Центарот е отворен за соработка со италијански компании, институции и здруженија кои имаат намера да започнат / промовираат бизнис-иницијативи во Македонија и регионот. По иста логика, Центарот нуди консултантски услуги на македонски фирми заинтересирани за бизнис-иницијативи во Италија.

Услугите кои ги нуди ЦЕИМ се базираат на методолошки и аналитички пристап, како и начин на комуникација и размена на информации соодветен на условите наметнати од пазарот, земајќи ги предвид и специфичните потреби на клиентите. ЦЕИМ ги врши своите активности во склад со меѓународно прифатените стандарди за квалитет и најдобрите деловни практики.