ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО ЦЕИМ
Италијанско-македонскиот економски центар (ЦЕИМ) е приватна компанија чија основна цел е промоција на економските односи помеѓу Италија и Македонија преку обезбедување консултантски услуги и оперативна поддршка, заедничко учество со заинтересирани субјекти на проекти и меѓународни тендери, логистичка поддршка и преведувачки услуги. Центарот е отворен за соработка со италијански компании кои имаат намера да иницираат / промовираат бизнис иницијативи во Македонија.
УСЛУГИ
ЦЕИМ обезбедува информации до заинтересираните субјекти со цел запознавање со бизнис-климата и домашниот пазар, посочувајќи ги притоа бизнис-секторите од посебен интерес и со висок потенцијал за инвестициони активности. Активната поддршка на Центарот продолжува и по почетниот период на консолидација на клиентите во форма на административна, техничка и правна поддршка.