ПОВОЛНОСТИ - ТИРЗ
ТИРЗ
Со цел да привлече странски инвестиции, Владата отвори 4 главни технолошко-индустриски развојни зони и уште неколку помали зони на повеќе локации во државата. Странските компании кои ќе одлучат да инвестираат во зоните можат да сметаат на поволности кои се вбројуваат меѓу најдобрите во Европа и пошироко. Двете најголеми зони се наоѓаат на неколку километри од Скопје, а воедно се и најпривлечни за инвестирање со оглед на близината на скопскиот аеродром и автопатот, како и поради поголемите можности за ангажирање персонал и набавка на стоки и услуги. Зоните се опремени со целосна инфраструктура и мрежи за струја, гас, вода и одвод на отпадни води. Од 2008 год., во временски период од само 5 години, повеќе мултинационални компании отворија фабрики во неколку зони ширум државата.
ПОВОЛНОСТИ И ОЛЕСНУВАЊА
Владата ги нуди следниве поволности и олеснувања на странските инвеститори кои ќе се одлучат да инвестираат во зоните:
▪ целосно ослободување од данок на добивка за период од 10 години
▪ целосно ослободување од персонален данок за период од 10 години
▪ ослободување од ДДВ и царински давачки за стоки, суровини и машини
▪ земјиште во зоните со можност за долгорочен закуп до 99 години
▪ ослободување од плаќање надомест за уредување на градежното земјиште кон ЕЛС
▪ ослободување од надоместоци за добивање градежни дозволи
▪ бесплатен приклучок на гасовод, водоводна и канализациона мрежа
▪ учество на Владата во трошоците за градба во ТИРЗ до 500.000 евра
▪ зелен канал за стоките при спроведување на царинските формалности
ТАБЕЛАРЕН ПРИКАЗ - ДАНОЦИ И ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ ВО РАМКИТЕ И НАДВОР ОД ТИРЗ
ДАНОЦИ
ТИП НА ДАНОКСТАПКА ВОН ТИРЗСТАПКА ВО ТИРЗ
ДДВ18%0%
Данок на добивка10%0% за период од 10 години
Персонален данок10%0% за период од 10 години
ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ
ПРОИЗВОДИСТАПКА ВОН ТИРЗСТАПКА ВО ТИРЗ
Суровини0% - 15%0%
Машини5% - 20%0%