CEIM


УСЛУГИ: ИНВЕСТИЦИИ


ЦЕИМ нуди целосна поддршка на компании заинтересирани за инвестирање во Македонија. Мултидисциплинарните познавања на нашиот тим овозможуваат едноставни и брзи решенија во склад со потребите на клиентите. ЦЕИМ е подготвен да ги поддржи компаниите од самиот почеток на инвестициониот циклус, олеснувајќи го на тој начин целокупниот процес на прилагодување, консолидација и успешно позиционирање на пазарот.

Странските инвеститори можат да се потпрат на нашите услуги во следните сегменти, од особена важност за успешна реализација на нивните инвестиции:

основање на фирма;
поддршка во делот на сметководствените, даночните и царинските формалности;
изработка на студии за изводливост;
елаборирање стратегии за влез на пазарот;
поддршка во делот на изнаоѓање финансиски средства;
поддршка при преговори со потенцијални локални партнери и институции;
поддршка во делот на аквизиција / закуп и опремување на деловни простории,
производствени постројки и земјиште;
заштита на инвестиции.