CEIM


PelleITALIA - НОВА РЕАЛНОСТ


ЦЕИМ отпочна со нова активност - PelleITALIA.

Под брендот "PelleITALIA" ЦЕИМ врши увоз и продажба на големо и мало на висококвалитетна италијанска кожа на домашниот пазар и на пазарите во регионот, покривајќи ги севкупно: Македонија, Србија, Косово, Албанија, Бугарија и Грција. На тој начин ЦЕИМ опслужува пазар од преку 20 милиони потрошувачи и над 1000 компании кои користат кожа во својот производствен процес.

Концептот "PelleITALIA" е осмислен и има за цел да ги задоволи целосните потреби за висококвалитетна кожа на интермедијарните потрошувачи како фабрики за мебел, трговски центри, хотели, производители на кожна галантерија, чевли и облека, тапетари, занаетчии итн. Секако, особено внимание е посветено и на крајните приватни и деловни потрошувачи кои имаат потреба од освежување на домот, канцеларискиот и/или продажниот простор.

Изложбениот салон е прв од ваков тип во регионот со изложбен простор од 200 m² соодветно дизајниран за презентација на рафиниран производ како што е кожата. Убавината на стилот Made in Italy и едноставноста на просторот овозможуваат изложената кожа во целост да ја прикаже својата вонвременска убавина, раскош и мирис, допирајќи до сетилата на нејзините вистински љубители.

Дозволете да Ве поканиме да нè посетите и заеднички да уживаме во опуштениот амбиент на салонот. Воедно, Ве повикуваме да ja посетите нашата Facebook страница и да станете дел од нашето растечкото семејството. На тој начин и Вие ќе бидете поддржувачи на една визија и нераскинлив дел од раѓањето на една легенда - легендата за PelleITALIA.

Клик на линкот за запознавање со активностите и производите врзани за проектот PelleITALIA.