CEIM


УСЛУГИ: ПРАВНА ПОДДРШКА


Центарот нуди правни услуги на италијански фирми кои имаат потреба од правна заштита во деловното работење во Македонија. Фирмите можат да сметаат на следните услуги кои имаат за цел да ги заштитат нивните побарувања, инвестиции и деловни активности во поширока смисла:

судска и вонсудска наплата на побарувања во Македонија;
избор на адвокатско студио во местото под чија надлежност се води должникот;
проценка на можностите, времето и трошоците врзани за определен спор;
координација и упатства до адвокатското студио во име на клиентот;
барање за достава на периодични извештаи од страна на ангажираното студио;
извршување во Македонија на судски налози и правосилни пресуди донесени од
италијански судови;
вонсудска спогодба и посредување во Македонија;
арбитража.