МАКЕДОНИЈА:БИЗНИС-КЛИМА
ГЕНЕРАЛЕН ОСВРТ
Македонија воведе голем број реформи на политички, економски и социјален план, подигнувајќи го на тој начин степенот на демократија и слобода на пазарот. Среднорочниот резултат од таквите реформи се огледа во политичката и макроекономската стабилност, создавајќи простор за натамошен раст и развој. Како доказ и признание за успехот на спроведените реформи, Светската Банка во изминативе години ја вброи Македонија меѓу најуспешните реформатори на светско ниво (трет најдобар реформатор во 2010 год. според извештајот "Doing Business 2010").
Постојат многу причини зошто да се усмерат инвестициите кон Македонија: слободен пристап до пазар од преку 650 милиони потрошувачи благодарение на склучени мултилатерални и билатерални договори за слободна трговија, одлична стратешка позиција, рамен персонален данок и данок на добивка во висина од 10%, 0% данок на реинвестирана добивка, едношалтерски систем за регистрација на фирми во рок од 24h, одлична инфраструктура, достапна работна сила и посебни пакети со поволности во корист на потенцијални инвеститори во технолошко-индустриските развојни зони.
ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ИНФРАСТРУКТУРАТА
Покрај реформите македонската Влада намени огромни средства за инфраструктурни проекти, вклучувајќи ги и капиталните постројки за производство на електрична енергија, дистрибуција на гас итн. (Програмата за јавни инвестиции 2009-2016 предвидува распределба на финансиски средства во износ од 3,5 милијарди евра за развој на енергетскиот сектор).
Во таа смисла, реконструкцијата / изградбата на автопатот и железничката пруга долж Коридор 10 е веќе во тек, а во блиска иднина се предвидува и почеток на работите долж Коридор 8 (одлична можност која не смее да се занемари од фирми кои имаат капацитет да учествуваат на јавни набавки од ваков карактер).
Во 2011 год. беа реконструирани и модернизирани двата меѓународни аеродроми во Скопје и Охрид, обезбедувајќи на тој начин брз и сигурен авиотранспорт по пристапни цени.
ПОВОЛНОСТИ И ОЛЕСНУВАЊА ОБЕЗБЕДЕНИ ОД СТРАНА НА ДРЖАВАТА
Согласно наведеното погоре, македонската Владата направи голем напор со цел привлекување странски инвестиции преку усвојување соодветна легислатива, мерки со поволности и пружање поддршка во корист на странски инвеститори.
Детални информации по однос на поволностите за инвестирање можат да се најдат на: