За концептот PelleITALIA -

Концептот PelleITALIA е осмислен и наменет да ги задоволи во целост потребите за репроматеријал за тапациран мебел (кожа / мебел-штоф / еко-кожа / кожни теписи / метални ногарки) на големите потрошувачи, како прозводители на мебел, трговски центри, хотели, институции, претставништва и сл., како и тапетарски работилници, занаетчии и физички лица.

Што се однесува до кожата, покрај кожа за тапациран мебел, ЦЕИМ - PelleITALIA нуди и неколку видови кожа за изработка на кожни ташни, кожна галантерија, вклучително и кожа за авто-ентериери, јахти и воздухоплови. Кожата е исклучително од италијанско производство, од нови производни партии, што пак гарантира издржливост, свежина и беспрекорна естетика.

Посебно внимание е посветено на архитектонските студија, freelance дизајнерите и останатите субјекти кои се занимаваат со внатрешно уредување на просторот, добивајќи во ЦЕИМ - PelleITALIA партнер од доверба за реализација на своите идеи. На тој начин ЦЕИМ - PelleITALIA дава адекватна поддршка на креативниот момент на задоволство на крајниот потрошувач.
Веруваме дека е така земајќи ја предвид нашата понуда:
- 27 колекции на кожа во 850+ бои,
- 17 колекции на мебел-штоф и еко-кожа во 150+ бои/дезени,
- 6 колекции на кожни теписи во 200+ бои/дезени,
- 96 модели на метални ногарки за мебел.
Асортиманот практично ја заокружува целокупната понуда на репроматеријал за видливиот (надворешен) дел од мебелот.
--
Ве очекуваме во нашиот продажно-изложбен салон ..
Ваш ЦЕИМ - PelleITALIA
НОВО -
КОЖА / МЕБЕЛ / АРТИКЛ
EPIC >
КОЖА / МЕБЕЛ / АРТИКЛ
ANTIQUE >
КОЖА / ГАЛАНТЕРИЈА / АРТИКЛ
JOY >
КОЖА / ГАЛАНТЕРИЈА / АРТИКЛ
NEW YORK >
ЕКО КОЖА / АРТИКЛ
MONTERIA >
--